Најдобриот македонски млад научник за 2017 година против изградба на депонија кај Неготино
Неготинецот Сретен Давидов, кој лани ја доби државната награда за најдобар млад научник за 2017 година, денеска се изјасни против најавената изградба на депонија кај Неготино.
– Не е таков објект за Неготино, нека се направи приоритена листа на ниво на држава според критериуми на безбедносно растојание од населено место, заштитени резервати и производствени капацитети, нагласи Давидов, додавајќи дека ова негово мислење го темели врз стручни знаења и врз директивите за животната средина на европско ниво.
Според него, Неготино е вински и лозарски регион и еден таков капацитет би значел уништување на винарскиот бренд кој се гради со години.
– Во хавариски услови нема мобилна еколошка патрола, ниту инспектор за ваков тип на депонија. Нема капацитети за при пожар, земјотрес или постапки за управување со кризно аерозагадување од согорувањето, дециден е Давидов.
Тој нагласи дека и дава поддршка на иницијативата на здружението на граѓани ,,Ековита” од Неготино, за референдум по ова значајно прашање. Како член на Здружението од 2007 година, рече дека се залага за здравјето на луѓето и здрава животна средина.
Триесетгодишниот неготинец стана доктор на науки на 28 години. Тој беше добитник на Осмоноемвриска награда од општина Неготино за 2018 година. Деновиве, ја прими Водовникова награда од Факултетот за електротехника при Универзитетот во Љубљана, за квалитетот на неговиот докторат. Во моментов, работи во Службата за технолошки развој на Електро Љубљана, словенечката Електродистрибуција.
Ново на Сител
-
Полицијата во контроли на угостителски објекти ноќеска во Битола затекнала 20 малолетници
-
Десетици мртви во руски напад на Суми, Зеленски бара светот да ја казни Русија
-
Русија тврди дека соборила 13 украински дронови
-
Велика Британија ја презеде контролата врз фабриката за челик „Бритиш Стил“
-
Обвинителството и МВР ќе информираат за проширената истрага за пожарот во дискотеката „Пулс“
-
Герасимовски: Солидарноста не е кампања, туку начин на живеење
-
Компани по ремито со Дортмунд: Можевме да одиграме подобро
-
Приведено момче од Тремник, со остар предмет нападнал неготинец