-->
-->
Најчести грешки кои ги правите кога пржите јајца
-->
Дали често ви се случува кога пржите јајца на око долниот дел да ви загори а жолчката да ви се разлее?
Доколку кога го подготвувате овој утрински оброк често добивате сува смеса наместо сочни јајца, еве неколку совети како да направите совршен оброк.
За почеток треба да знаете да го кршите јајцето така што во чинијата или тавата да не паднат лушпи, а жолчката да остане цела. Ако премногу силно го удрите јајцето од работ на чинијата, веројатно ќе ја растурите жолчката. Добро би било наместо од работ на чинијата јајцето да го кршите од рамна површина, па веднаш да го пуштите во тавата за пржење.
При пржење на јајцата многумина имаат проблем со разлевање на жолчката, а сакаат истата да остане сочна. За да не се разлее жолчката при ставањето во тавата, немојте јајцето да го ставате од голема висина, туку внимателно спуштете го.
Премногу топла тава и масло не се добра комбинација за убаво испржени јајца. Ако ги ставите на премногу топло масло да се пржат, веднаш од белката ќе се прават меурчиња, а рабовите ќе добијат темна боја. Така долниот дел од јајцето ќе се испече пред горниот да биде готов. Јајцата треба да се пржат на средно силен оган.
Ако пак сте од оние што сакаат јајцата да бидат повеќе пржени, тогаш ќе мора да ги превртите за време на пржењето.
За да јајцата не се лепат најдобро е да имате тефлонска или тава од лиено железо. Во спротивно, ставете повеќе масло или путер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вербални закани кон претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, случајот пријавен во полиција
-
Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект во Штип
-
Стара експлозивна направа пронајдена во двор во делчевското село Вирче
-
Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз
-
Маж од Валандово најден починат дома, ќе се прави обдукција
-
Кривична пријава против градоначалник поради противзаконито располагање со буџетски средства
-
Фоден играч на сезоната во Премиер лигата
-
Убиство и самоубиство во Бјеловар, Хрватска