Најбрзиот човек на светот загина во хеликоптерска несреќа
Чарлс Барнет III , човекот кој го држи светскиот рекорд во специјално конструирани автомобили , заедно со лидерот на опозицијата на Зимбабве и други три лица загинаа во хеликоптерска несреќа.
Несреќата се случила во Њу Мексико , кога групата пријатели летале кон ранч во оваа Американска држава.
Британецот Барнет и е познат на светската јавност како инвеститор и контруктор на најбрзиот автомобил на парен погон на светот , со кој во 2009 во пустината Мохаве во Калифорнија го урна светскиот рекорд стар над 100 години .
Во хеликоптерската несреќа загина и лидерот на опозицијата на Зимбабве , Рој Бенет и неговата сопруга , како и пилотот и копилотот .
Страшната несреќа ја преживеа Андреа Коб , која била во долгогодишна љубовна врска со 61 – годишниот Барнет , а воедно и ќерка на загинатиот копилот Пол Коб.
Несреќата завчера вечер на дежурната служба и ја пријавила Андреа Коб , која е сериозно повредена , но е надвор од животна опасност.
Ново на Сител
-
Мицкоски за писмото од Ахмети: Не сум го видел - дневно добивам многу писма од граѓани
-
Тешко повреден малолетник во сообраќајка во Кочани
-
МЗ: Над 61.000 граѓани пријавени за вакцинацијата против сезонски грип, досега вакцинирани над 19.000
-
Борел: Орбан оди во Тбилиси, но тој не ја претставува ЕУ
-
Русија ги отфрла обвинувањата за мешање во изборите во Грузија
-
Пронајдена дрога при претрес во Виница
-
Ахмети му пиша и на Мицкоски - Предупредува на загрозена меѓуетничка стабилност
-
Свечена изјава на новоизбраните јавни обвинители