Свет
13. November 2015 - 23:34

Најавите за бомбашки напад се остварија: Се слушна експлозија на стадионот - Има жртви!

Заканите дека ќе има бомбашки напад за време на вечерашната пријателска средба помеѓу Франција и Германија се остварија. Вечерва тоа се случи во близина на стадионот каде настапуваа двете репрезентации.

Во текот на денот тоа беше случај и со хотелот каде беа сместени гостите од Германија, но беше подоцна потврдено дека станува збор за лажна узбуна и дека немало бомба, а во текот на вечерашниот натпревар се слушна страшниот звук.

Пред неколку ресторани во Париз има покриени тела, што симболизираат дека има жртви, што е уште постравична информација.