Бизнис
10. November 2017 - 16:26

Најавените промени во даночењето на добивката сепак ќе значат зголемување на давачките

Владата размислува за зголемување на даночната основица, без зголемување на данокот на добивка,  да собере повеќе пари од фирмите во буџетот. Се анализираа за моделите како и на кој начин да се зголеми опфатот,  без да има промени во данокот,  потврди  денеска премиерот Заев, отако вчера од финансии најавија дека ќе има промени и кај данокот на добивка.

Според експертите, зголемување на даночната основица може да има кај дел од трошоците кои произлегуваат од работен однос, односно да има одредени рестрикции кај  расходите кои влегуваат како материјални трошоци.

- Може да се плаќа данок на К 15, на наградите, на дневниците за службени патиуања, патните трошоци за користење службени возила. . Во моментово за овие трошоци не влегуваат во профитот, туку се книожат како расходи, но можно е овде да се воведе некоја рестрикција овде, некакво ограничување, изјави Павле Гацов, даночен експерт

Вторниот начин за зголемување на даночната основица е кај реинвестирана добивка, но експертите не веруваат дека овде би можело да има промени. Многу е поверојатно да има ограничувања во таканаречените трансферни цени, односно кои ги користат странските компании кога префрлаат пари во матичната земја.

Според најавите на владата ,измените би стартувале од 2019 та година, период  кога ќе почне и прогресивното зголемување на персоналниот данок.