Нафтата останува надвор од опсегот на новите царини на Трамп
Увозот на нафта, гас и рафинирани производи не е на листата со огромните нови царини што ги објави американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти Белата куќа.
Исклучокот ќе ја намали загриженоста на американската преработувачка индустрија, која изрази загриженост за новите царини дека тие би можеле да доведат до прекини во снабдувањето и да ги зголемат цените на сите петрохемиски производи произведени од рафинериите од Средниот Запад што користат канадска сурова нафта и европски товари на бензин и дизел во САД на источниот брег.
Синоќа Трамп објави дека воведува основна царина од 10 отсто за сите стоки што се увезуваат во неговата земја и ги зголемува царините за десетици земји.
Опсегот на енергетските ослободувања не ги вклучува оние од Канада и Мексико, кои и онака се заштитени со Договорот САД-Мексико-Канада (новата верзија на поранешниот северноамерикански договор за слободна трговија, НАФТА), соопшти Белата куќа.
Канада и Мексико се двата најголеми увозници на сурова нафта во САД, а Европа е важен снабдувач на горива за источниот брег на САД, каде што нема доволен број рафинерии за преработка на нафтени деривати. Тарифите за сите други стоки од Канада и Мексико остануваат непроменети според новата извршна наредба на Трамп.
Најавените нови царини ги засегаат сите видови стоки – од автомобили до лаптопи.
Дваесет и пет отсто тарифи за увоз на автомобили изнесуваат речиси 600 милијарди долари во парична смисла и се однесуваат и на возилата од странско производство и на автоделови.
Ажурираната верзија на тарифите за автомобилската индустрија што ги објави Трамп минатата недела вклучува речиси 150 видови на автоделови за кои ќе подлежат на царина почнувајќи од 3 мај, точно еден месец откако денеска на полноќ стапија на сила царините од 25 отсто за увоз на автомобили.
Надоместоците се однесуваат на мотори, менувачи, литиум-јонски батерии и други важни компоненти.
Сериозно изненадување е вклучувањето во проширената листа на производи за царинење на сите видови компјутери, кои се една од најувезените стоки во САД. Само минатата година САД увезле компјутери во вредност од 138,5 милијарди долари, покажуваат американските статистики.
Ново на Сител
-
Обвинителство постапува за расчистување на физичкиот напад врз новинарската екипа на Алсат-М во Визбегово
-
Орбан: Зеленски е комичар кој глуми претседател
-
Вајц до бугарска новинарка: Треба да се информирате и малку да промислите за тоа што го зборувате
-
Тошковски: Ставени под контрола пожарите во Крива Паланка, Орман, Дојран, Николиќ и Волково
-
Пуштена за сообраќај скопската обиколница, сообраќајот кон ГП Блаце само за патнички возила
-
Гори кај касарната во Ѓорче Петров, запалени куќи во Орман и Волково, ангажирани припадници на Армијата
-
Пет пожари активни на подрачјето на Град Скопје
-
Обвинителството постапува во насока за целосно испитување на причините за настанување на пожарот во Визбегово