-->
-->
Надежда Савченко прогласена за виновна за убиство на двајца руски новинари
-->
Суд во Русија ја прогласи денеска за виновна украинската воена пилотка Надежда Савченко поради вмешаност во убиството на двајца руски новинари во источниот дел на Украина.
Обвинителството побара казна од 23 години затвор, а пресудата се очекува утре.
Триесет и четиригодишната Савченко се борешр на страната на украинските доброволци против проруските сили во источниот дел на Украина, каде е заробена во јуни 2014 година.
Руските власти сметаат дека Савченко давала координати за нападот во кој загинаа двајца новинари и неколкумина цивили.
Украинската Влада упати критики поради нејзиното апсење, а САД и ЕУ побараа од Москва веднаш да ја ослободи Савченко.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ИДФ го уби лидерот на Хамас во Либан
-
Бајден: Недозволиво е да избувне сеопфатна војна на Блискиот исток
-
Најмалку 69 загинати од ураганот Хелена во САД
-
Израел подготвува копнена инвазија врз Либан
-
Норвешка размислува за изградба на ограда на границата со Русија
-
Постудено време со мала облачност и силен ветер
-
Обид за убиство во Аеродром: Избоден скопјанец, еден од сторителите во бегство
-
Се скарале па го турнал по скали