Надавањето започна: Студентки ја продаваат својата невиност преку интернет
Две студентки од Холандија, 18 годишната Лола и 20 годишната Моника, одлучиле да ја продадат својата невиност преку интернет на личноста која ќе понуди најмногу пари.
Лола и Моника се придружиле на контроверзниот сајт „Чиндерела Екортс“ како би ги решиле финансиските проблеми во своето семејство, но и како би заработиле пари за школување.
-Сакам да ја продадам мојата невиност, затоа што сакам да заработам за школување и сакам живеам без грижа за пари. Исто така, парите ќе ги искористам за да ги вратам долговите кои ги има моето семејство. Мал број на луѓе остануваат до крајот на животот со личноста со која ја изгубиле невиноста. Поубаво би направила вакво нешто, каде што не само што ќе имам корист, туку исто така ќе избегнам некој да ме повреди и остави кога ќе заврши со мене, раскажува Лола.
Од друга страна, Моника изјави дека не можела да најда права личност со која би ја изгубила невиноста, па се одлучила на овој затоа што и може да заработи за школување.
-Ми се допаѓа што живееме во друштво и време каде сами можеме да одлучиме што ќе направиме со сопственото тело. Важно е дека имам контрола над своето тело. Иако многу не би се сложиле со мене, мислам дека ова е најдобро решение за мене и дека тоа исто така ќе ми помогне да си ја осигурам иднината, раскажува Моника.
Заинтересираните досега понудиле 20.000 евра за секоја од девојките по пат на сајтот кој се наоѓа на „мрачниот интернет“, а „Чиндерела Ескортс“ тврди дека е потврдено дека девојките се девици.
Ново на Сител
-
Уапсен Ејуп Рустеми
-
Се шири истрагата за пожарот во „Пулс“
-
Владата ја запира постапката за разрешување на државниот обвинител
-
И угостителски и државни објекти за време на мораториумот ќе треба да отстранат неправилности
-
479 градежни фирми остануваат без лиценцата од министерство за транспорт
-
Мицкоски им врати на ДУИ - наместо сочувство ја политизираат трагедијата
-
Собранието ги откажа сите активности и оваа недела
-
Европски земји понудиле помош за подолготрајна рехабилитација на потешко повредените