-->
-->
Надал ќе тужи министерка?!
-->
Тони Надал, чичкото на Рафаел Надал, соопштил дека против поранешната француска министерка Роселин Башело, ќе биде поднесена тужба. Таа, минатата недела, изјави дека Рафа паднал на допинг тестот во 2012 година, но дека целтата работа била добро сокриена.
„Ние сме мирни, ќе ја тужиме госпоѓата Башело, која свесно го кажа тоа. Рафа никогаш не користел допинг, а тоа што таа го кажа е сериозно обвинување“, рекол Тони Надал.
„Чудно е што таа на таков начин ги изнесе обвинувањата, а нема докази за такво нешто. Можеби бара некаков престиж...Недозволиво е поранешна министерка да изјави нешто такво, и јас се надевам дека нема да мине неказнето“, дополнил чичкото на Надал, кој воедно е и негов тренер.
Инаку, Рафа Надал, одговарајќи на прашање по повод допингот на Марија Шарапова, рекол дека никогаш не користел недозволени супстанци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло