-->
-->
Надал ја освои 12. титула во Барселона
-->
Третиот светски рекет Рафаел Надал вечерва за 3 часа 38 минути го победи Стефанос Циципас во финалето на турнирот во Барселона со 6:4, 6:7 и 7:5. За Надал ова е 12-ти трофеј во Барселона.
Во историјата на професионалниот машки тенис, никој друг не освоил ниту еден турнир 12 пати, а Шпанецот успеа во две натпреварувања: во Барселона и на Ролан Гарос (има 13 победи во Париз).
Воедно, Шпанецот ја освои 175-та победа над ривалите од ТОП 10. Ова е трет резултат во историјата по Роџер Федерер (224) и Новак Ѓоковиќ (218).
На земјени терени, Надал стигна до 61-та титула и вкупно 87-та во неговата кариера.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Телото на папата утре ќе биде преместено во базиликата Свети Петар
-
ТАВ Македонија доби сертификат Great Place To Work
-
РКЕ: Не се менуваат цените на бензините и на дизелот
-
ДУИ: Додека се караат во ВРЕДИ институциите ја деградираат употребата на албанскиот јазик
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги брани бугарските позиции
-
ДЗР: Серија неправилности во бирото за развој на образованието
-
Следните денови променливо облачно и нестабилно време
-
Се разгледуваат можности за изградба на нов саемски комплекс во Скопје