Loading Video...
Тенис
11. October 2020 - 17:56

Надал го демилира Ѓоковиќ и го освои 13-от трофеј на Роланд Гарос

Шпанецот Рафаел Надал уште еднаш потврди дека е „Крал на земјените“ терени во Париз. Надал и во 13-тото свое финале на Роланд Гарос стигна до трофејот. 
 
Тој во финалниот меч го совлада големиот ривал Новак Ѓоковиќ со 3:0  во сетови.(6-0, 6-2 и 7-5)  со што ја намали предноста на Србинот на 29-27 кога во прашање се победите во меѓусебните дуели 
 
За Надал денешната е јубилејна 100-та победа на Роланд Гарос, Гренд слем на кој има освоено најмногу 13 трофеи во исто толку одиграни финалиња. 
 
Воедно, Шпанецот се израмни со Роџер Федерар на врвот на вечната листа, па двајцата тенисери сега имаат по 20 титули од Гренд слем турнирите, додека Ѓоковиќ останува на 17-те. 
 
Потсетување дека во женска конкуренција сензационално до трофејот стигна 19-годишната полска тенисерка Ига Свајтек  која не загуби ниту еден сет на турнирот во Париз