-->
-->
Над три илјади жени во традиционални баварски носии поставија нов Гинисов рекорд
-->
Над три илјади жени, облечени во традиционални баварски носии, дирндл се собраа на саемот во градот Кемптен, во јужна Германија, со цел да постават нов Гинисов рекорд, јави ДПА.
На саемот со овие традиционални носии дојдоа 3.164 жени. Целта беше да се подобри претходниот рекорд, поставен пред две години од 2.865 жени, кои пристигнале во баварски носии во градот Бад Шусенрид.
Учесниците во новиот обид за поставување Гинисов рекорд беа на различни возрасти и носеа најразновидни модели на дирндл, од долги традиционални до современи и куси носии.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Реал Мадрид е највредниот фудбалски клуб во светот
-
Вардар прв финалист во ракометниот Куп на Македонија
-
Неизвесен победникот на претседателските избори во Полска
-
Нормализиран сообраќајот на делницата Демир Капија – Смоквица
-
33-годишна жена загина, а шест лица се повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар
-
Во Појасот Газа за еден ден загинаа најмалку 60 луѓе, а 284 се повредени
-
Коњановски ја посети локацијата каде падна кран на градежен објект во Битола
-
ОЈО поведе постапка против скопјанец за семејно насилство кон партнерката и нејзината мајка