Над сто граѓани побарале лекарска помош
Над сто граѓани побарале лекарска помош по серијата земјотреси што во текот на вчерашниот ден беа почувствувани во скопскиот регион.
Најмногу пациенти имало во Градската болница „Наум Охридски“ каде лекарска помош им била укажана на 70-тина лица. До 17 часот биле прегледани 52 лица кои се пуштени на домашно лекување, а бројот во текот на ноќта до 21 часот се зголемил на вкупно 70 лица. Оттаму информираат дека тројца се хоспитализирани и оперирани. Немало пациенти во животна опасност и главно биле со повреди по екстремитетите, но имало и такви кои биле прегледани поради голема вознемиреност по земјотресот.
Во Ургентниот центар во Скопје лекарска помош им била укажана на 15 лица од кои 13 биле третирани во текот на вчерашниот ден, а утринава помош побарале две лица. Освен едно лице кое е хоспитализирано вчера на Клиниката за трауматологија, останатите по укажаната лекарска помош се пуштени дома.
Од Градската општа болница „8 Септември“ соопштија дека кај нив биле прегледани 25 граѓани од кои тројца со фрактури. Едно лице од нив е задржано на понатамошно лекување, а останатите се пуштени дома.
Покрај во болниците, дел од граѓаните побарале лекарска помош и кај матичните лекари.
Татјана Баевска - Вучковиќ од Здравствениот дом во Скопје вчера по завршувањето на Управувачкиот комитет за справување со кризи апелираше граѓаните да се јавуваат на линијата 194 за да побараат медицинска помош, наместо самоиницијативно да одат по клиничките центри.
- Ги замолуваме граѓаните да ја користат линијата 194 бидејќи скопската Итна помош е зајакната со екипи. Граѓаните да го користат овој број и секоја тријажа да биде од екипите на Итната медицинска помош. Доколку има потреба и нашите екипи проценат, граѓаните ќе бидат транспортирани и секоја помош што треба, ќе биде дадена во домашни услови, изјави Баевска - Вучковиќ.
Ново на Сител
-
Облачно со повремен дожд и слаб ветер
-
Белата куќа: Секоја земја која неправедно постапува кон САД ќе биде цел на дополнителни царини
-
Иванова второпласирана на велосипедскиот маратонот во Камбрилс
-
Од 14 април почнува заедничката гранична контрола на граничен премин Долно Блаце-Елез Хан
-
Реакции поради пресудата за Марин Ле Пен
-
Забрана за сообраќај на возила на грчкиот остров Парос поради силното невреме
-
Кривична пријава против полициски службеник за оддавање службена тајна
-
ФФМ отвори постапка поради нечовечкото однесување на навивачите на ФК Шкендија