Над половина килограм марихуана пронајдени во автомобил, истрага против едно лице
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 29-годишен скопјанец под сомнение за кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
-На 4 февруари, на улицата „Методија Митевски“ во Скопје, како сопатник на задно седиште во автомобил, осомничениот неовластено пренесувал 507,4 грама наркотична дрога – марихуана, во поголема ќеса. При претрес на возилото, полициски службеници ја откриле и ја одзеле дрогата наменета за неовластена продажба, информираат од Републичкото јавно обвинителство.
Бидејќи постои опасност осомничениот да се даде во бегство, да влијае врз сведоците, но и да го повтори делото за кое против него и претходно се воделе други постапки, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.
Ново на Сител
-
Тошковски најавува кривична одговорност
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
РСБСП: На матурска без автомобил!
-
Шпанија и Португалија без струја
-
Палевски: Ако сум убил – ќе правев алиби
-
СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери
-
Претседателката на ДКСК Димитровска веднаш да поднесе оставка
-
Филков чека одговор од СДСМ за реформските закони