Свет
22. September 2015 - 18:11

Над два милиони муслимани денеска во Мека го почнаа годишното поклонување „аџилак“

Над два милиони муслимани денеска започнаа годишно поклонување „аџилак“, што привлекува луѓе од разни земји во светиот град Мека, во Саудиска Арабија, за извршување на серија ритуали и молитви за чистење на минатите гревови.

Исламот проповеда сите муслимани да извршат еднаш во животот аџилак, што е еден од петте основни столба на муслиманската религија, вклучително верба во Алах и пророкот Мухамед како негов последен заповедник, петдневни молитви со лице кон џамијата Каба во Мека, давање добрина барем еднаш годишно и почитување на рамазанските пости.

Аџилакот започнува во Мека, пред верниците да продолжат кон долината Мина, на неколку километри на исток, каде е поставен голем град под шатори. Главен момент е поклонување со молитви на ридот Арафат.

Саудиска Арабија мобилизира над 100 илјади полицајци, што ќе се грижат за безбедноста за време на аџилакот.