Над девет милиони шверцувани цигари откриени на атинското пристаниште Пиреас
Во контејнер што од Тајланд пристигнал на атинското пристаниште Пиреас, со крајна дестинација Братислава, биле откриени 9,390.000 шверцувани цигари, односно 469,500 кутии.
Од крајбрежната служба на Грција соопштија дека по добиените информации од Одделот за борба со дрога и шверц, бил проверен контејнерот, а по отпечатувањето и прегледот, утврдено било дека има скриени куфери зад кои биле сместени 939 картонски кутии во кои имало 469,500 кутии од по дваесет цигари, со што вкупно се запленети 9,390.000 шверцувани цигари.
Според објавеното видео од Крајбрежната служба на Грција, во откривањето на цигарите помогнало и куче-душкач.
За случајот се води прелиминарна истрага, а соодветните давачки и даноци кои претставуваат загуба за државата достигнуваат два милиони евра.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Иван Ивановски, Support Kocani
-
Невреме со град во Скопје и низ Македонија
-
ЗНАМ го потврди Максим Димитриевски за кандидат за Куманово
-
Ангела и Андреј се враќаат од Белград
-
Политичките партии со обвинувања: Што е испуштено во истрагата, што е преземено по трагедијата во Кочани?
-
Дали има лекарска негрижа во случајот со починатото 3–годишно дете од Кавадарци?
-
Муслиманите го слават Курбан Бајрам
-
Голем број Mакедонци продолжениот викенд ќе го поминат надвор од државата