Над 80 санкции за еден час во Кочани и Виница, над 14.000 за помалку од месец во државата
Министерството за внатрешни работи покрај на територијата на главниот град Скопје, спроведува засилени акциски контроли за санкционирање на непочитувањето на сообраќајните правила и Ангеловски на денешната прес конференција во Кочани. „Се санкционираат сите сообраќајни прекршоци, а особено оние кои што се најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици. До сега за помалку од месец дена откако започнаа засилените сообраќајни контроли изречени се над 14.000 санкции, најчесто за возење со брзина над дозволената,нерегистрирани возила, а се санкционираат и возачите на мотори кои не ги почитуваат правилата“, рече Ангеловски.
Портпаролот на МВР апелираше до граѓаните на Кочани и Виница да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот. „Само за еден час во денешната акциска контрола во Кочани и Виница се изречени над 80 санкции, пред се за нерегистрирани возила, возење без возачка дозвола и др. “, соопшти Ангеловски, кој потенцира дека акциските контроли продолжуваат и во наредните денови, а целосните податоци од денешната засилена акциска контрола во Кочани и Виница ќе бидат презентирани утре.
Ново на Сител
-
ОЈО ги истражува наводите за дивоградби во Чаир
-
Преглед на вестите од светот
-
Филипче веќе лобирал кај Европските сестрински партии да го поддржат извештајот за Македонија
-
Трошановски: Извештајот во ЕП е добра можност евроинтеграциите да се заштитат од бугарските барања
-
Граѓански иницијативи бараат итни законски измени за незавнисните кандидати на локалните избори
-
Кичевчани се жалат на неподнослива смрдеа од запалениот смет
-
Сообраќајни експерти предупредуваат - Експресниот пат Штип-Кочани не е безбеден
-
Преглед на вестите од светот