Над 700 заболени од Ковид-19 во Косово, 34 новозаразени и тројца излекувани
Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) објави дека во текот на вчерашниот ден во земјата се потврдени нови 34 случаи, кои од извршените испитувања резултираа позитивни на Ковид-19, со што официјалната бројка на носители на новиот вирус во Косово се искачи на 703.
Вчера во Косово се евидентирани и три случаи на лица кои, согласно методите пропишани од Светската здравствена организација, по тестирањата два дена едноподруго резултираа излекувани од заразната болест, со што бројката на лица кои ја пребродиле болеста се зголеми на 162.
Најголемиот број новозаразени, вкупно 15, се од општина Гњилане, шестмина од Призрен, пет од Урошевац, по двајца од Ораховац и Драгаш и по еден од општините Приштина, Србица, Малишево и Звечане.
Според синоќешното соопштение на ИШПК, вчера во неговата Лабораторија за молекуларна микробилогија се тестирани примероците на 263 лица за кои постоело сомневање дека се можни носители на новиот коронавирус. Вкупната бројка на тестирани од појавата на епидемијата, заклучно со вчерашниот ден, изнесува 5.890.
Во петокот не е забележана ниедна нова жртва на Ковид-19, така што бројката на починати од заразата во Косово останува 19.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите