Над 5.300 Турци поднеле жалба во Европскиот суд за човекови права по обидот за преврат во Турција
Над 5.300 турски граѓани се обратиле до Европскиот суд за човекови права со жалба заради репресии по обидот за преврат на 15 јули минатата година, посочи денеска претседателот на овој суд, Гуидо Рајмонди.
- Тие 5.363 жалби претставуват над 10 проценти од сите жалби, поднесени во Судот во текот на целата 2016 година од сите 47 земји членки на Советот на Европа, посочи Рајмонди на прес-конференцијата.
Ако на тоа се додадат 2.945 жалби од Турција, кои не се поврзани со обидот за пуч, вкупниот број на турските жалби ќе достигне 8.308, што претставува за четири пати повеќе од 2015 година.
Рајмонди напомена дека пред да се обратат во Европскиот суд за човекови права, тужителите треба истото тоа да го направат во турскиот Уставен суд со цел да се пожалат на репресивните мерки на кои биле подложени.
- Поради тоа е соодветно да бидат оставени турските власти да ја завршат нивната работа, истакна претседателот на Судот.
Рајмонди ја определи како „многу охрабрувачка“ неодамнешната одлука на турските власти за создавање на специјална комисија од седум судии, која се занимава со собирање на жалби поднесени против некои мерки преземени во услови на вонредна состојба, како што се отпуштањата на вработените и затворањето на здруженија или медиуми.
Тој посочи дека основната важност е одлуките на таа комисија да можат да се поднесат жалби до Државниот совет (Вишиот управен суд во Труција).
По обидот за преврат турските власти презедоа голема чистка, при која скоро 43.000 лица беа уапсени, а над 100.000 отпуштени.
Ново на Сител
-
Можни прекини во водоснабдувањето во Општина Чаир и Железара поради прекин на електрична енергија
-
Кривична за екс-директор на основно училиште во Липково, го оштетил буџетот на државата за 577.550 денари
-
Пожар во парк-шумата Гази Баба | ВИДЕО
-
Кремљ по одлуката на Трамп да испрати оружје за Украина: САД и Европа ја избраа војната
-
Крадец од струмичко пукал кон полицијата, па бил ранет при приведувањето
-
Јулски снег во Словенија
-
Триесет и девет еколошки организации бараат од УНЕСКО да го стави Охридскиот регион на Листата светски наследства во опасност
-
Германија ја обвини Кина дека употребила ласер врз германски авион