Над 50 загинати во пожар во фабрика во Бангладеш
Спасувачките екипи денеска пронајдоа безживотни тела на 49 работници откако пожар зафати фабрика за преработка на храна во близина на Дака, главниот град на Бангладеш, со што бројот на жртвите се зголеми на 52, соопштија официјални лица и пожарникари.
– На пожарникарите им беа потребни околу 20 часа за да го изгаснат пожарот кој избувна вчера попладне во шесткатната фабрика „Hashem Food and Beverage Limited“ во сопственост на групата Саџиб, изјави пожарникарот Абдулах Ал Арефин.
Арефин истакна дека телата на 49 работници биле пронајдени на четвртиот кат во зградата, додека петтиот и шестиот кат сè уште треба да се пребаруваат.
Фабриката се наоѓа на 25 километри источно од Дака и произведувала сокови, безалкохолни пијалоци и други прехранбени производи.
Арефин нагласи дека службите за итни случаи спасиле најмалку 25 работници кои успеале да избегаат на покривот веднаш откако избувнал пожарот.
Преживеаните работници изјавиле дека вратата од просторијата, каде што се наоѓале работниците кои загинале, била заклучена со катанец од безбедносни причини, а чуварите одбиле да ја отворат без дозвола на сопственикот.
Во фабриката се наоѓале најмалку 1.000 работници во моментот кога избувнал пожарот, чија причина сè уште не е позната.
Ново на Сител
-
Поништена акредитацијата за Универзитетот на Мерко
-
Костадиновски се сретна со Силвестри
-
Од полноќ поскапуваат горивата
-
Најтопло во четврток, петок и сабота со температури до 39 степени
-
Струмичанец со тројца малолетници нападнале брачен пар во нивниот дом, го повредиле сопругот со остар предмет
-
Миле Јанакиески излегува од затвор
-
Петок пред Духовден, 21 јуни, неработен ден за граѓаните од православна вероисповед
-
Претрес во Битола, пронајдена дрога, приведено едно лице