Живот
18. September 2017 - 11:34

Над 4.500 лица годишно умираат поради емисии на штетни гасови од дизел-возила

На годишно ниво во Европа се регистрираат по над 4.500 прерани смртни случаи како последица од испуштање на емисии на штетни гасови од возилата кои користат дизел-гориво, покажаа резултатите од истражувањето спроведено од страна на австралискиот Меѓународен институт за применети системски анализи, Норвешкиот метеоролошки инститит и Техничкиот факултет „Чалмерс“. 

Резултатите од истражувањето се објавени денеска, две години откако автомобилската компанија „Фолксваген“ беше обинета дека ги лажира податоците за штетните емисии што ги испуштаат дизел-автомобилите во САД. 

Одделни мали честички кои се штетни за човековото здравје, предизвикуваат смрт кај 425.000 лица годишно, поради загадувањето на воздухот во земјите во ЕУ, Норвешка и Швајцарија. 

Научниците откриле дека само прекумерните емисии на штетни гасови од дизел-возилата на годишно ниво предизвикуваат по 4.560 прерани смртни случаи. 

Тие наведоа дека најголем ризик е забележан во регионите каде има висока концентрација на дизел-возила, како во северниот дел на Италија.