Над 30 инспектори во засилени контроли кај откупувачите на грозје
Државниот инспекторат за земјоделство во наредниот период ќе врши засилени постојани контроли кај сите регистрирани откупувачи на грозје, најави директорот на Инспекторатот Цветан Трипуновски по денешните разговорите со откупувачите и лозарите во Неготино.
За таа цел, како што соопштуваат од Инспекторатот за земјоделство, се формирани посебни тимови со над 30 инспектори кои постојано ќе ја контролираат работата на секој регистриран откупувач.
Инспекторатот предупредува дека винариите, односно регистрираните откупувачи на грозје, при откупот особено е важно да се обрне внимание на цената на грозјето изразена во шеќерни единици. За да може да се контролира дали цената е во согласност со шеќерните единици инспекторатот набави и широмери за контрола на шеќерните единици. Одржана е и кратка обука на инспекторите за нивна употреба.
За успешно одвивање на откупот на грозјето, секоја неправилност може да се пријави и на бесплатната телефонска линија 0800 11 000.
Засилени контроли Државниот инспекторат за земјоделство најавува и при откупот и на останатите производи.
Ново на Сител
-
Експерти: Лидерската е вовед во политички дијалог, но без големи очекувања
-
Teма на денот со Ивон Величковски
-
Мицкоски и Филипче на чекор до лидерска средба
-
Мицкоски: Милошоски и Филков имале само лош ден што треба да заврши
-
Негативно мислење за разрешувањето на обвинителот Коцевски
-
Дали повисоки казни ќе спречат трагедии како Кочани?
-
Клиниката за физикална медицина се подготвува да ги прими првите пациенти од пожарот во Кочани за рехабилитација
-
На чекор сме до генерален штрајк во цела држава, предупреди ССМ на протестот за повисоки плати