Над 30 декари ниви со жито и лозја изгореа во пожари во Кочанско
Во три одделни пожари во кочанскиот регион изгореа над 30 декари засеани со јачмен, како и неколку декари лозја и ниви со пченка.
Во гаснењето на огнената стихија беа ангажирани четири возила и 10 пожарникари од Територијалната противпожарна единица од Кочани, кои по пет часа од избувнувањето на пламенот, успеаја да го стават под контрола.
Пожарот што денеска околу пладне бил пријавен во месноста Копаче, потпомогнат од силниот ветер брзо се проширил на околу дваесетина декари земјоделско земјиште, а поради недостапниот терен отежната била интервенцијата на пожарникарите. Слична ситуација имало и во атарот на селото Мојанци каде за еден час изгорело неожнеано жито на слична површина.
-Неодговорното однесување на одделни земјоделци, кои ја палат сламата по завршувањето на жетвата на житата, направи голема материјална штета. Стопроцентно изгореа неколку ниви со јачмен што требаше да бидат ожнеани за некој ден, а допрва ќе се утврдуваат последиците од високите температури што сериозно оштетија две лозја. Беа зафатени и два помошни објекта, што за среќа успеавме да ги спасиме од целосно оштетување, истакна Влатко Јефтимов, заменик-командир во ТППЕ – Кочани.
Попладнево пожарникарите интервенираа и на ниви во атарот на селото Грдовци, каде огнот се закануваше да се прошири кон куќи и други објекти во непосредна близина.
Од Територијалната противпожарна единица упатуваат апел до земјоделците да не ја палат сламата и стрништата во нивите, за да се избегне голема материјална штета со оглед што жетвата на јачменот и пченицата сѐ уште не е завршена.
Ново на Сител
-
Интер Мајами ден по трансферот на Меси ги продаде сите билети до крајот на сезоната
-
Чави бара 12 милиони евра годишно од Барса за нов договор, позициите на клубот и тренерот се далеку
-
Ибрахимовиќ состави тим од своите поранешни соиграчи
-
Манчестер сити постигна договор со Ковачиќ
-
МЗ: Нема изедначување на цените помеѓу странските државјани и осигурените државјани на РСМ, туку изедначување на цените за приватни здравствени услуги
-
Почина 47-годишната жена што се преврте со возило во тунелот пред Гевгелија
-
Тешко повреден малолетен пешак во Скопје
-
Тешко повреден малолетен мопедист во сообраќајна несреча во струмичко