Над 260 жртви во најголемата железничка несреќа во Индија
Најмалку 260 луѓе загинаа, а околу 1000 се повредени во вчерашната несреќа во која учестуваа три воза во областа Баласоре во индиската сојзуна држава Одиша.
Преживеани и очевидци сведочат за најтешката железничка несреќа во Индија во последните 20 години.
„10-15 луѓе паднаа врз мене кога се случи несреќата и се беше хаотично. Бев на дното на купот. Ја повредив раката и задниот дел на вратот“, вели еден од преживеаните патници.
Спасувачките операции се завршени. Сите заробени и повредени патници се спасени. На местото на настанот биле испратени околу 1.200 спасувачи, полицијата и повеќе од 200 амбулантни возила.
Официјални лица соопштија дека судирот се случил околу 19 часот по локално време кога меѓу 10 и 12 вагони од еден патнички воз излетале од шините и завршиле на соседната пруга. Неколку минути пододнца друг патнички воз удрил во превртените вагони и три – четири негови вагони исто така излетале од шините, а некои удриле во стациониран товарен воз.
„Комисија на високо ниво ќе спроведе истрага за целиот овој инцидент. Комесарот за безбедност на железницата исто така ќе спроведе итрага. Тие ќе одат и ќе ја најдат основната причина за оваа несреќа - зошто се случи ова –сите технички детали ќе ги дознаат тие, изјави индискиот министер на Железници, Ашвини Ваишнау.
Премиерот Нарендра Моди денеска го посети местото на несреќата. Изјави дека наредил итна истрага и вети финансиска помош за роднините на загинатите, како и за повредените.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар