Над 20 интервенции ноќеска во поплавени куќи во Тетово
Тетовските пожарникари ноќеска имале над 20 повици за интервенции односно испумпување на вода од поплавени куќи, дворови, подруми и улици. Најголем дел од поплавените куќи се во селата Мала Речица и Голема Речица. Интензивниот дожд траеше повеќе часа, а претпладнево нема врнежи.
- Имавме повеќе од 20 повици од граѓаните што им се поплавени куќи, дворови, подруми. Уште пожарникарите во Тетово интервенираат кај подвозниците на излез од градот или внатре во градот каде што има два вакви подвозници, истакна Авни Амети, командир на Територијалната противпожарна единица Тетово.
Како што објасни Амети, се поплавуваат неколку критички точки каде постојано има проблеми при поинтензивен дожд.
- Во град Тетово имаше шест такви точки, но интервенираше општината, сега имаме три критични точки. Тоа се населба Деребој, подвозникот за Фалише и селата Мала и Голема Речица. Во минатото не се предвидело како ќе биде за 10 или 20 години. Така имаме мали цевки за атмосферска канализација ставени за 20 куќи, а сега има по 50 куќи. Добро е што општина Тетово прави планови за овие критични места за интервенција на подземната инфраструктура, изјави Амети.
Пожарникарите во текот на вчерашниот ден извлекуваа и неколку возила кои заглавиле кај поплавените подвозници.
Ново на Сител
-
Минималната дневница во земјавата колку 1,5 час работа во Германија
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Брз електронски попис и една изборна единица
-
Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив
-
Taблички во боја за службените возила
-
Дигитална лична карта, е-фактури, електронски барања за посебни истражни мерки
-
СДСМ алармира за ризична набавка во МВР