Над 110.000 нерегистрирани возила на улиците во Косово
Повеќе од 300.000 возила се регистрираат и осигуруваат во Косово годишно, но повеќе од 110.000 се нерегистрирани, а 30 проценти немаат валидно осигурување, објави порталот „Газета експрес“.
Директорот на косовското здружение за осигурување, Сами Мазреку, вели дека тој процент на нерегистрирани возила им нанесува голема штета на осигурителните компании кои работат на косовскиот пазар. Тој побара од Министерството за внатрешни работи да ги расчисти списоците со нерегистрирани возила во системот.
“Од минатата година му препорачувавме на Министерството за внатрешни работи да го исчисти списокот на нерегистрирани возила во системот. Постојат над 110.000 нерегистрирани возила. Да се исчисти базата на податоци и потоа да се фокусираме на нашите кампањи”, рече Maзреку.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите