Над 11.000 Бразилци евакуирани поради поројни дождови
– Повеќе од 11.000 луѓе мораа да ги напуштат своите домови, а 4.200 мораа да бидат згрижени од властите поради поплавите во 19 општини во североисточната бразилска држава Бахиа, соопштија локалните власти.
Поројните дождови во областа од почетокот на ноември веќе однесоа 17 животи, од кои последното лице почина во четвртокот, покажуваат податоците на Цивилната заштита на државата Бахиа. Вкупно околу 66 општини се во вонредна состојба поради лошите временски услови, соопштија надлежните. Бројот на евакуирани достигна 11.260, додека властите директно згрижија 4.185 лица, покажуваат податоците што ги објави Цивилната заштита. Претставници на бразилската федерална влада и на државата Бахиа започнаа операција за спасување на жители заглавени во поплавените подрачја.
Ново на Сител
-
Вреди ќе има унифициран став за една изборна единица
-
Славески: Стабилен денар и ниска инфлација
-
11 годишни момчиња се најчесто жртви на врсничко насилство
-
Приватните автобуси повторно возат, велат дека од ЈСП добиле пари за до понеделник
-
Министерката Јаневска ефекти од едносменската настава очекува од септември
-
Преглед на вестите од светот
-
Трибина „Кочани е нашиот приоритет“
-
Децата во Македонија имаат 900 часови помалку од европските врсници