Свет
28. August 2015 - 20:21

Над 100 талибанци ликвидирани во операција во јужен Авганистан

Најмалку 110 талибански борци се ликвидирани, а околу 30 се повредени во воената операција во јужен Авганистан изминатите 24 часа.

Авганистанската армија со помош на военото воздухопловство на НАТО во средата вечер презедоа операција во реонот на Муса Кала, провинцијата Хелманд. 

Талибанците го зазедоа Муса Кала на почетокот од неделата.