Националната банка на Грција ќе биде потпомогната со 2,71 милијарди евра спасувачки заем
Националната банка на Грција, еден од најголемите кредитори во земјата, ќе биде потпомогната со 2,71 милијарди евра од спасувачкиот фонд за Грција, објави вчера Европската комисија, цитирана од ДПА.
Атина во август доби трет спасувачки пакет за последните пет години во износ од 86 милијарди евра. Од нив, 10 милијарди беа резервирани за рекапитализација на „болниот“ грчки банкарски сектор.
Нешто над половина од овие пари ќе бидат потребни за поддршка на четирите најголеми кредитори - „Банка Пиреос", „Алфа банк", „Јуробанк" и Националната банка на Грција.
- Со завршувањето на рекапитализацијата на овие четири банки и со значително учество од страна на приватниот сектор, уште еден елемент на несигурност е отстранет, изјави еврокомесарот за економија Пјер Московици.
Ново на Сител
-
Замрзнати вработувањата во администрација
-
Тема на денот со Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика, демографија и млади
-
Ахмети го свика централното претседателство на ДУИ: Протестите можна точка за дебата
-
Училиштата во Општина Карпош и натаму без парно греење
-
Тестираните за „Птичји грип“ се негативни
-
Санкции за смртта на 14-месечното бебе
-
Почна вакцинацијата против сезонски грип – денеска термин добиле 5.700 граѓани
-
Ахмети го свика централното претседателство на ДУИ: Протестите можна точка за дебата