Македонија
25. October 2024 - 10:21

Набавиле кокаин и херион па го препакувале во угостителски објект во Охрид за препродажба

СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Р.(54) и С.Н.(56), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. 

Првопријавениот набавил кокаин и хероин и заедно со второпријавениот во угостителски објект во Охрид, сопственост на првопријавениот, ги препакувале и вршеле продажба на подрачјето на Охрид. При претрес во објектот биле пронајдени дигитална вага со остатоци од хероин и кокаин и дробилка со остатоци од марихуана, информираа од полицијата.