На владина седница утврдени предлог-закони за обновливи извори на енергија и за енергетика
Текстовите на предлог-законите за обновливи извори на енергија и на Законот за енергетика се разгледани и усвоени на денешната владина седница. Оваа материја претходно била уредена во еден закон.
Новината што се воведува, како што информира владината прес-служба, да има посебен закон за обновливи извори на енергија е според посочувањето од предлагачот, Министерството за економија.
Тоа, пак, како што се наведува, е согласно определбата на Владата за поттикнување инвестиции во областа на обновливите извори на енергија, како и согласно ваквите определби и законски одредби на Европската Унија.
- Клучната цел на Предлогот на Закон за обновливи извори на енергија е поедноставување на процедурите во однос на употребата на обновливите извори на енергија, на линија на законодавниот Пакет на ЕУ за чиста енергија, се вели во соопштението.
Од Владата посочуваат дека Клучната цел на Предлогот-законот за енергетика е транспонирање на регулативите и директивите на ЕУ - за сигурно, безбедно и квалитетно снабдување со енергија на потрошувачите и постигнување енергетски ефикасен, конкурентен и финансиски одржлив енергетски сектор, со примена на начелата на недискриминација, објективност и транспарентност.
Двете предлог-законски решенија се работени со поддршка на УСАИД.
Ново на Сител
-
Кривична против поранешен градоначалник на Лозово и две лица за злоупотреба на службена положба
-
Свештена бигорска Обител: Велигден не е време за профит, туку за милосрдие
-
Најмногу дожд во Охрид и на Попова Шапка
-
Лишени од слобода двајца криумчари, пронајдени мигранти од Кина и Авганистан
-
Блокадата на објекти на РТС во Белград трае повеќе од 80 часа
-
Дел од Аеродром без струја
-
Паркирањето во Општина Центар за време на Велигденските празници ќе биде бесплатно
-
Работно време на Управните служби на МВР за време на Велигденските празници