„Немавме пари за болница. Владимир одлучи да си отсече ногата бидејќи повеќе не можеше да трпи болки и кога му поцрне и почна да скапува“, рече Татјана.
Таа пак ампутираната нога на Владимир ја фрлила на блиското ѓубриште, но тогаш доаѓа до неочекуван сплет на околности, поради што полцијата покренува истрага за убиство.
Имено, ампутираниот екстремитет на ѓубриштето го пронајден од кучето на соседката Ирина.
„Видов дека кучето нешто глода во дворот. Се доближив да видам за што се работи за да не се отуе. Не можев да откријам за што точно се работи, а потоа ги видов прстите и ноктите и сфатив дека тоа е човечка нога. Веднаш ми се слоши. Побегнав дома и ја затворив вратата. Повикав полиција и им реков што се случило“, вели пензионерката Ирина.
Се боцнал на шајка
Владимир добил гангрена поради компликации кои се појавиле од тоа што минатата година се набодел на шајка. Не побарал медицинска помош и не отишол кај доктор мислејќи дека раната сама набрзо ќе му зарасне. Наместо тоа, дошло до инфекција и до гангрена.
Инаку по пријавата на исплашената старица полицијата отвори истрага и почна да трага по останатите делови.
„Верувавме дека некаде во близина се наоѓа телото во распадната состојба. Ги пребаравме локалните ѓубришта и напуштените куќи, но не ја пронајдов,е“, вели Руслан Клатко, локален шеф на полицијата.
Во меѓувреме на Владимир Твердохлеб му се слошило поради што неговата сопруга Татјана бил приморана да повика Итна помош.
Задржан во болница
„Владимир ни рече дека на 18. март си ја отсекол сам десната нога под коленото со кујнски нож. Тврди дека почнала да му скапува и дека морал да го направи тоа. Ќе мора да го задржиме на дополнителна операција зошто ногата и натаму му е инфицирана од гангрената“, рече хиругот Виталија Стешенко.
Откако полицијата утврди дека ампутираната нога која кучето на Ирина ја пронашло на ѓубриштето навистина му припаѓа на Владимир, затворена е истрагата за убиство.