На учениците без можност да користат е-учебници, ќе им ги печати училиштето
По секој предмет повеќе нема да постои само еден извор на информации, туку ќе се користат најмногу до три учебници, а дигитализацијата ќе обезбеди лесна достапност на материјалите за учење, кои стануваат интерактивни и збогатени со мултимедијални содржини, соопшти Министерството за образование и наука во врска со новиот Закон за учебници и други наставни и дидактички материјали кој, како што наведува, е изготвен врз основа на анализи на позитивни практики од повеќе развиени земји во Европа кои ја надминале класичната употреба на учебниците.
Можноста за користење повеќе од еден учебник по секој предмет, според МОН, ќе ги насочи учениците кон истражување и анализа пред да донесат заклучоци и да меморираат знаења.
Со дигитализацијата, пак, учениците полесно ќе пристапуват до материјалите за учење, кои стануваат интерактивни и збогатени со мултимедијални содржини – филмови, анимации, видеоприкази, галерија на слики и задачи, а поедноставно ќе биде и ажурирањето со најнови податоци и факти пред почетокот на секоја учебна година.
– Но, имајќи ја предвид автономијата на наставниците во изборот на материјали и средства за настава, тие може да отпечатат дел од материјалите за потребите на часот, односно училиштата ќе можат целосно да го отпечатат учебникот за секој ученик кој поради каква било причина нема можност да ги користи електронските учебници. Така што, материјалите за учење и понатаму остануваат бесплатни за сите ученици, вклучително и за учениците со оштетен вид за кои државата ќе печати учебници на Брајово писмо, покрај достапноста на секој учебник во аудиоформат, информира МОН.
Министерството посочува дека инклузивноста е основен принципи врз кои е создадено новото законско решение кое, меѓу другото, ќе обезбеди и учебници без грешки, нелогичности и стереотипи, како и содржина која ќе биде напишана на авторски јазик разбирлив за учениците и соодветната возраст на учениците.
– МОН и Владата имаат должност целосно да ги исполнат приоритетите дефинирани во Стратегијата за образование 2018-2025 година, со што националниот образовен системќе направи крупен исчекор кон интегрирањето во европскиот образовен простор. Македонија нема друга алтернатива освен да вложува во квалитетно образование на своите граѓани, а за тоа неопходни се суштински промени од повеќе аспекти, меѓу кои и промени врзани за обезбедување на изворите на знаење и начинот на пренесување тие знаења кон учениците, наведува МОН.
Со новиот закон е предвидено печатени учебници да се користат во наставата до трето одделение, а повозрасните основци и средношколците да учат од електронски учебници.
Содржината на Предлог-законот за учебници и други наставни и дидактички материјали во основно и средно образование Владата ја утврди на седница во вторникот.
Владината прес-служба тогаш соопшти дека со Законот се очекува да се подобри квалитетот на учебниците во основното и средното образование, зашто се обезбедува транспарентност на постапките за набавка на учебници, се поставуваат механизми за контрола на содржината со цел да се спречи влез на дискриминирачки содржини. Се обезбедува дигитализација и пристап на учебници за лицата со оштетен вид.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ
-
Алијанса на Таравари со собрание за консолидација на партијата
-
Со стартот на грејната сезона зголемена опасноста од пожари
-
Иницијативен одбор во ЛДП бара смена на Зајкова, таа вели дека и се закануваат
-
Алијанса на Таравари со собрание за консолидација на партијата
-
ДСЗИ утре ќе го објави извештајот од надзорот за починатото 5–годишно девојче на детската клиника
-
ВМРО ДПМНЕ обвинува: СДСМ и ДУИ недоволно ги користеле апаратите за магнетна резонанца, а пациентите чекале
-
Власта да се откаже од новогодишната кошничка, бара СДСМ