Свет
28. August 2020 - 13:45

На убиецот на Џон Ленон по 11 пат му е одбиено барање за условно ослободување

На убиецот на легендарниот музичар Џон Ленон, Марк Дејвид Чепмен, по 11-ти пат му е одбиено барањето за условно пуштање од затвор, и ќе остане зад решетки уште најмалку две години, кога повторно ќе има право да бара условно ослободување.

Чепмен (65) издржува доживотен затвор откако на 8 декември 1980 година пред зградата Дакота во Њујорк со пиштол ја уби ѕвездата на Битлси.

Управата за условно ослободување на државата Њујорк објави дека на Чепмен не му е одобрена условна казна по разговорот одржан на 19 август, а причината за одбивањето не е објавена.