На „Табановце“ уапсен кочанчанецот кој изврши обид за убиство
ОВР Кочани поднесе кривична пријава до ОЈО Кочани против М.Н. (24) од Кочани поради основи на сомнение за обид за убиство по чл. 123 во врска со член 19 од КЗ.
- На 14.09.2024 во 06.30 часот на Граничен премин Табановце М.Н. бил лишен од слобода од страна на полициски службеници, постапувајќи по претходна пријава од В.А. (38) од Кочани, дека на паркинг во Кочани на 13.09.2024, додека седеле во автомобилот на В.А. заради купопродажба на мобилен телефон, М.Н. извадил нож и со него го нападнал пријавителот. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и случајот е расчистен, поднесена е кривична пријава, а М.Н. е изведен пред судија на претходна постапка и му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена, соопшти МВР.
Од обвинителството во Кочани, претходно соопштија дека за 24-годишник постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Убиство според член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.
„На 13 септември, во вечерните часови, осомничениот се договорил со оштетениот да се најдат на паркинг простор кај Споменикот на слободата во Кочани заради купопродажба на мобилен телефон.
Кога се сретнале на наведеното место, осомничениот влегол во возилото на оштетениот, седнал на совозачкото место и започнал да разговара со него и да го разгледува мобилниот телефон.
По кратко време, од џебот извадил нож и му задал удар во витален дел од телото во пределот на главата и вратот под брадата, нанесувајќи му отворена рана од околу 2-3 см. Ножот се скршил, а осомничениот продолжил со дршката уште неколку пати да го удира оштетениот. Нападнатиот му ја фатил раката и го спречил, по што осомничениот се извлекол од возилото и со трчање побегнал од местото на настанот“, е наведено во соопштението од ОЈО Кочани.
Ново на Сител
-
Гостиварец собрал 760 евра за лекување, со измама му ги земале парите
-
Крвава драма во Тетово: Еден прободен
-
Убиена дива свиња пронајдена во багажник, кривична за две лица
-
Мицкоски: Не можеме повеќе да прифаќаме ултиматуми
-
АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело
-
Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа
-
Таравари: За приватните специјализанти ќе постапиме според интересот на болниците, над 10 доктори во Штип
-
Повеќе од 130 светски лидери следната недела на Генералното собрание на ОН