Македонија
13. October 2020 - 10:58

На „Табановце“ уапсен албански државјанин баран со меѓународна потерница

Вчера во 16.00 часот на граничен премин „Табановце“, при пасошка контрола, било констатирано дека З.А.(35) од Р.Албанија се наоѓал на СТОП-листа на Интерпол и за него била распишана меѓународна потерница, соопштуваат од МВР.

Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.