Македонија
21. March 2018 - 21:38

На Светскиот ден на лицата со Даунов синдром се бара поголема инклузивност во општеството

Потрудете се да го погледнете светот со нашите и очите на нашите деца и ќе видите дека сите сме исти и секој има свое место под ова небо, ова е порака на  мајка  која има дете со даунов синдром.   Анче Туфекчиева од Струмица е само една од многуте мајки  во државата кои неуморно се борат  за рамноправност, инклузивност и подобар живот на нивните деца.  На почетокот кога се родила сега веќе десетипол годишната  Верица  и таа незнаела што да прави и што значи да се биде родител на дете со даунов синдром.  Немањето соодвета психолошка поддршка од професионалец бил најголемиот проблем со кој се соочиле таа и нејзиниот сопруг.

,, Какво ќе биде детето, дали ќе биде прифатено од другите, дали ќе го најде своето место во општеството ? Навистина се соочивме со еден непознат свет, меѓутоа со нашата борба и пожртвуваност успеавме да најдеме канали така да кажам за да се информираме повеќе.,, вели Анче Туфекчиева – родител

На почетокот дожевеала и непријатни коментари и совети од одредени лица   од типот дека не треба премногу да се труди оти тука и неможе многу да се направи.

,, Може и тоа беше повод да си покажам сама на себе дека всушност Верче ќе биде дете кое што секој ден ќе дава нов цвет.  Ако не беше она немаше да знам дека постои еден поинаков свет, свет во кој што има навистина болка и тага, секојдневна борба, но и свет во кој што постои љубов и разбирање само со поглед.,, вели Туфекчиева

Борбата која сеуште трае  ниту била лесна, ниту едноставна,. Тешко прифаќање од околината,  во грдинка, настава во посебно или редовно училиште.   Дилемите биле големи, прашањата многу, а одговорот на сите нив го дала смата Верица која после две години во посебно улишите без никаков проблем се вклопила во редовната настава.

,, Ја сакаат сите деца. Благодарност до цел тим на училиштето Сандо Масев и на сите деца, на нивните родители затоа што Верче во ниту еден поглед не ја гледаат како некое посебно дете.,, додава Туфечиева

Туфекчиева  која осве Верче има уште две деца,   најголемиот Стефан и најмалата Ирина вели дека борбата продолжува и ќе бидат се погласни и таа и сите останати родители .  Токму затоа веќе неколку години го има формирано и здружението Вера, симболично крстено по нејзината ќерка. Преку него  активно работи за подигање на свеста кај луѓето на  оваа тема, но и за подобри услови за овие деца како што се повеќе логопеди и поголема професионална поддршка за родителите.