На Северна Европа и се закануваат бури, а на Јужна пожари
Метеоролошките служби ширум Европа предупредуваат на опасност. Во северниот дел од континентот и во јужните делови на Франција во сила се предупредувања од ветришта и поплави, додека во Португалија пожарникарите се обидуваат да спречат повторно ширење на пожарот што уништи десетина куќи.
Властите во Португалија денеска соопштија дека по една недела ставен е под контрола големиот пожар во јужниот дел на земјата.
Португалската Агенција за цивилна заштита соопшти дека речиси 1.400 пожарникари и околу 450 возила распоредни на тоа подрачје спречиле повторно разгорување на огнот.
Во пожарот во португалскиот регион Алгарве повредени се 41 човек, меѓу кои еден потешко, а неколку десетини куќи целосно изгореа.
Директоратот за вода и енергија на Норвешка објави портокалов аларм во јужниот дел на земјата поради лизгање на земјиштето, бури и обилни врнежи од дожд. Бродските компании ширум Норвешка ја откажаа пловидбата поради можни силни ветрови.
Според прогнозите брегот на Северно Море ќе биде зафатен од силен ветер, а издадено е и предупредување и автомобилите да не преминуваат преку мостовите.
Поради бурата што вчера го погоди јужниот дел на Франција евакуирани се околу 1.600 луѓе од три региони.
Ново на Сител
-
Приведен 60-годишник во Скопје, возел со 3,08 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајка
-
ЦУК: Еден крак од пожарот помеѓу селата Блаце и Чучер е изгаснат
-
ПОЦ: Санкционирани 82 непрописно паркирани возила минатата недела
-
Прпарим Авдили од кумановско Лојане до кандидат за градоначалник на Цирих
-
Уапсени две лица во Неготино и Кавадарци, возеле со по 1.81 и 1.95 промили алкохол во крвта
-
1336 сообраќајни прекршоци изминатиот викенд
-
Раул Алонсо ја напушти клупата на Еурофарм Пелистер
-
Два полициски хеликоптера го гасат пожарот во околината на Блаце