На седница пратениците ќе расправаат по одлуките за постоење вонредна состојба донесени од претседателот на државата
Предлог на одлуките за утврдување на постоење на вонредна состојба донесени од претседателот на Република Македонија, објавени во Службени весник на РС Македонија се на дневниот ред на денешната собраниска седница.
Пратениците ќе дискутираат по Предлог на Одлуката за потврдување на Одлуката за утврдување на постоење на вонредна состојба број 08-526/2, донесена од претседателот на Република Македонија на 18 март 2020 година, а објавена во Службен весник на Република Македонија број 68 од 18 март 2020 година.
На дневен ред се и Предлог на Одлука за потврдување на Одлуката за утврдување на постоење на вонредна состојба број 08-607/2, донесена од претседателот на Република Македонија на 16 април 2020 година, а објавена во Службен весник на Република Македонија број 104 од 17 април 2020 година, Предлог на Одлука за потврдување на Одлуката за утврдување на постоење на вонредна состојба број 08-682/2, донесена од претседателот на Република Македонија на 16 мај 2020 година, а објавена во Службен весник на Република Македонија број 127 од 17 мај 2020 година, како и за Предлог на Одлука за потврдување на Одлуката за утврдување на постоење на вонредна состојба број 08-729/2, донесена од претседателот на Република Македонија на 30 мај 2020 година, а објавена во Службен весник на Република Македонија број 142 од 31 мај 2020 година.
Пред пратениците, како што е најавено е и Предлог на Одлука за потврдување на Одлуката за утврдување на постоење на вонредна состојба број 08-777/2, донесена од претседателот на Република Македонија на 15 јуни 2020 година, а објавена во Службен весник на Република Македонија број 159 од 15 јуни 2020 година.
Како што е најавено, на агендата се и Предлог – одлуката за основање делегации, пратенички групи и други облици на остварување на меѓународната соработка на Собранието на Република Македонија, поднесен од претеседателот на Собранието Талат Џафери.
На денешната седница е и Предлог – одлуката за изменување на Одлуката за основање на делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација и Информација за состојбите со лозаропреработувачкиот сектор во 2020 година.
Ново на Сител
-
Фон дер Лајен: Путин покажа дека не сака мир
-
Македонскиот репрезентативец Митровски во трка за најдобар фудбалер во Хрватска
-
Откако го одбила ја претепал па ја силувал на паркинг во Сопиште, обвинение за 37 годишен скопјанец
-
Снег во Србија и Црна Гора
-
Палевски презентира докази за бројот на учесници во грабнувањето на Жежовски
-
Приведен 31-годишник од Македонска Каменица, возел под дејство на алкохол и без возачка дозвола
-
За хаваријата во Пинтија вчера постапува Инспекторатот, вели Меџити
-
Раст од 1,8 проценти на вкупниот промет во индустријата во март годинава