На сцена се 30 години, а нивната турнеја е најпродавана оваа година во Америка
Турнејата на групата U2 „Џошуа Три (Joshua Treе) иако само што почна, е најпродавана ова лето во САД, објави фирмата за продажба на билети StubHub.
Првиот концепт на групата U2 во САД на славеничката турнеја по повод 30-годишнината од легендарниот албум „Joshua Tree“ одржан е синоќа во Сиетл.
Турнејата почна на 12 мај од канадски Ванковер. До заминувањето во Европа во јули, ирската четворка има уште 19 закажани концерти во САД.
Голем број влезници однапред се распродадени, па U2 според приходот, веќе ги надмина другите ѕвезди кои ова лето свираат во Америка, какo Ед Ширан и Лејди Гага.
Ирците на турнејата ги свираат сите 11 песни од албумот Џошуа Три и други најголеми хитови од нивната богата кариера. Во Сиетл на сцената како гостин им се придружи Еди Ведер од Прл Џем.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња