На Самоа досега 18 случаи на Ковид-19 од почетокот на пандемијата
Премиерката на Самоа денеска воведе 48-часовен локдаун во оваа пацифичка земја, откако 15 патници од Австралија се тестирани позитивни тестот за коронавирусот, а земјата досега има вкупно 18 случаи од почетокот на пандемијата.
Заразените патници биле меѓу 73-те кои дошле од австралискиот град Бризбејн во средата. И премиерката на Самоа Фиама, Наоми Матафа изјави дека Владата во иднина би можела привремено да ги прекине летовите од Австралија, а одложен е и планираниот лет од Нов Зеланд. Сите патници на спорниот лет, како што е соопштено, биле целосно вакцинирани и биле негативни на тест за ковид пред полетувањето. Гувернерот на соседна Американска Самоа, Леман Палепои Сиалега Мауга, издаде соопштение во кое упатува зборови на солидарност до Самоа и поддршка за премиерката. Тој исто така рече дека летовите меѓу неговата територија и Самоа се откажуваат на една недела. Американска Самоа, земја со 200.000 граѓани, исто така има 18 регистрирани случаи, од кои сите биле патници на „Хаваи Ерлајнс“ од Хонолулу.
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје
-
Сообраќајка меѓу три возила во Скопје: Повредени четири лица
-
Град Скопје: Премиерот од Форино кога излегува од дома до Влада ги гаси попатно сите семафори
-
Променливо време со дожд и во наредните денови
-
Претрес во Кочани, пронајден пиштол, приведен насилник
-
Македонија се задолжува 50 милиони евра
-
Џафери: Арсовска да ја искоси тревата во дворот на Владата
-
Џафери за бојкотот на претседателските избори: Груби не е влада, ниту партија