-->
-->
На првиот тренинг 12 кошаркари
-->
Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Драган Раца, во понеделникот ги започна подготвките за квалификациискиот циклус за пласман на Европското првенство во 2017 година.
Раца на поширокиот список повика 18 кошаркари, но на првиот собир во СЦ јане Сандански се појавија 12 играчи: Александар Костоски, Димитар Караџовски, Адем Мекиќ, Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Стојан Ѓуроски, Марјан Јанески, Бојан Крстевски, Бојан Трајковски, Кирил Николовски, Љубомир Младеновски и Марко Дујковиќ.
Бекот Марко Симоновски има повреда на грбот и тој дополнително ќе се приклучи на подготовките, исто како и Андреј Магдевски кој со младата репрезентација се наоѓа во Грција.
„Јас очекувам да дојдат играчи кои сакаат да настауваат за својата земја, и претходно кажав дека нема никого да молиме. Тоа требе да биде некаков таргет и модел за во иднина. Јас нема да влегувам во тоа кој дошол или не, нема да се мешам во тие работа. Мислам дека за секој спортист е чест да настапува за својата држава. Од денеска нема да споменам ниту еден играч кој не дошол и не сакам да добивам прашања на таа тема“, порача селектрот.
Селекторот и неговите соработници во наредните денови треба да решат кој од странците кои имаат македонски пасош ќе биде повикан во националниот тим. Раца не исклучува тоа повотрно да биде Лестер Бо Мекејлеб.
Раца смета дека има доволно време за подотвки до стартот на квалификации и дека противниците особено Велика Британија и Унгарија се добро анализирани.
„Без потценување кон Луксембург, ние веќе ги анализиравме Британија и Унгарија, сметаме дека тие ќе ни бидат конкуренти за пласман на ЕП. Британија е многу силна, има пет-шест НБА играчи, доколку сите тие дојдат тогаш индивидуално се посилни од нас. Унгарија знае да биде опасна, тоа е репрезентација која е во подем“, рече Раца.
Инаку како дел од подготвките репрезентативците ќе бидат домаќини на „Трофеј Македонија“ на кој уште ќе учествуваат Црна Гора, Босна и Херцеговина и Белгија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ревизорите утврдија низа неправилности во работењето на Бирото за развој на образованието
-
Судот одлучи – ниту 2 милиони евра нема да го спасат Јахоски од притвор
-
Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура
-
Нотарка дискриминирала слепо лице: „Ти си неписмен откаде знаеш што потпишуваш“
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството отвори истрага за токсичната пепел од РЕК Битола
-
Привршува судењето за модуларната болница во Тетово
-
По 1 мај средба Мицкоски - Таравари