Македонија
23. August 2018 - 12:29

На полноќ завршува увидот во Избирачкиот список и пријавувањето на иселениците

 До Државната изборна комисија преку веб апликацијата www.dijaspora.sec.mk досега се доставени 2.437 пријави од граѓани за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство.

Од нив, 2392 пријави се прифатени, 39 се одбиени, а останатите пријави се во обработка.

Најголем број пријави се за гласање во Берн - 256, Љубљана - 213, во Лондон - 127, во Торонто - 136, Виена - 108, Канбера 99 итн.​ 

Најмалку пријави за гласање се поднесени во Талин, Киев и Приштина - по една пријава,  и Њу Делхи, Каиро и Сараево - по две пријави.

Пријавувањето трае до вече на полноќ. Гласањето во странство ќе се спроведе на 29 септември во дипломатско-конзуларните претставништва и конзуларните канцеларии на Република Македонија во кои се прифатени најмалку 10 пријави за гласање.

Од ДИК информираат и дека заклучно со вчерашниот ден вкупно 4.959 граѓани извршиле увид во податоците во Избирачкиот список. Најголем број граѓани увид извршиле во Струмица - 509​, Битола - 454, Карпош - 431.

Во периодот од почнувањето на јавниот увид донесени се и 19 решенија за запишување, 125 решенија за бришење и 24 решенија за промени на податоци во избирачкиот список.

Јавниот увид во Избирачкиот список ќе трае заклучно со денеска, 23 август, до кога можат и да се поднесуваат барања за запишување, промена или бришење на податоци