-->
-->
На подрачјето на Скопје вчера 12 сообраќајки
-->
Пет лица се здобиле со лесни телесни повреди во вкупно 12 сообраќајни несреќи што се случиле на подрачјето на Град Скопје. Во седум од сообраќајките е регистрирана само материјална штета.
Според полицискиот извештај на СВР Скопје, 21 возачи се движеле со поголема брзина од дозволената, 18 возачи биле исклучени од сообраќај, од кои 14 без стекнато право на управување со моторно возило и четворица почетници.
Од сообраќај полицијата исклучила две возила кои биле технички неисправни и 14 возила зашто не биле регистрирани.
Непрописно паркирани биле 110 возила, а пајак службата подигнала 62 возило.
Полицијата санкционирала четворица возачи кои поминале крстосница на црвено светло и еден возач кој неправилно се престроил.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кос од Бугарија изрази надеж дека Скопје и Софија ќе го надминат спорот
-
Кои производи ќе бидат дел од просечната потрошувачка кошничка?
-
Вистинските пчелари во акција против фалсификаторите на мед
-
Охридското езеро во еколошка криза
-
Преглед на вестите од светот
-
Коалиционите партнери ги следат случувањата во „ВРЕДИ“
-
Еден месец по трагедијата во Кочани
-
Тема на денот со Ивона Тодорова од Support Kocani