На обиколницата кај Македонски Брод отстранет голем одрон од камења
Високата влага на теренот придонесе на обиколницата кај Македонски Брод да има голем одрон од камења, меѓу кои и камена громада потешка од еден тон. По интервенција од страна на локалната самоуправа со градежна машина, овие камења се отстранети од коловозот и сообраќајот се одвива непречено во обата правци.
-Како и пред две недели кога имавме поинтензивни врнежи од дожд, така и утринава, се случи голем одрон на камен на обиколницата кај Македонски Брод. Бидејќи се работеше за огромен камен беше неопходно да се вклучи механизација за истиот, како и сите поситни камења да се отстранат од коловозот и да се нормализира сообраќајот на овој дел од патот, рече градоначалникот Жарко Ристески.
Тој посочи дека повеќето патни правци во општината се проодни, а до дел од повисоките селски населби се стасува со теренско возило.
Зa побезбедно одвивање на сообраќајот Ристески апелираше до сите возачи учесници во сообраќајот кога поминуваат на патиштата и кои се потенцијално опасни поради свлечишта или одрони, да возат претпазливо и со намалена брзина.
-Снегот кој од утринава врне во нашиот регион не создаде посериозни проблеми во одвивањето на сообраќајот, со исклучок на горе наведениот одрон на камења. Во текот на претпладнето исчистени се патиштата кон повисоките села во дел од Поречието и тоа Горно и Долно Крушје и Црешнево. Во текот на утрешното претпладне ќе ги исчистиме патиштата во делот на Самоков до кои се стасува со теренско возило, додава Ристески.
Ново на Сител
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Подигнати 42 кубни метри отпад од диви депонии во Аеродром, Чаир, Кисела Вода и Карпош
-
Почина неврохирургот проф.д-р Владимир Мирчевски
-
Герасимовски: Бесплатна градинка за деца Роми од ранливи семејства
-
Со камион удрил во заштитната ограда, скопјанец загина на автопатот Демир Капија - Гевгелија
-
Од 15 ноември задолжително поседување зимска опрема
-
Околу 350 деца Роми ќе бидат згрижени бесплатно во јавните градинки во 21 општина
-
Приведен вработен во ЈП Национални шуми - Добивал по 200 евра месечно за дозволи за сеча на дрва