Бизнис
27. December 2019 - 21:04

На младите треба да им се помогне да останат во државата преку поддршка на бизнис идеи

Со 34 милиони евра  државата и Светска банка  им помогнаа на младите  да ја реализираат својата  идеја во успешен бизнис. До сега се поддржаа 314 домашни компании, од 20 индустрии, кои веќе успешно работат, отвораат нови работни места , го шират бизнисот и генерираат раст на приходите. Велат дека без Фондот за иновации не би успеале

Се поддржуваат компании од сите градови,  вели првиот човек на Фондот Десподовски. До сега, во нив ангажирани се  над 1,000 лица, кои имаат просечни плати од 700 евра.

На младите треба да им се помогне  да останат во својата земја. Капитал се наоѓа, недостасува бизнис идеа, вели вицепремиерот Анѓушев. Затоа ги охрабри младите да преземат ризик и да не се плашат

Тонско Кочо Поддршката што се дава преку ФИТР,  на младите им дава порака – останете во нашата држава, не чекајте да бидете  вработени, креирајте своја фирма, правете свои производи и продадете ги низ  светот, ќе успеете., изјави вицепремиеот Анѓушев.

Според премиерот Заев – мисијата на Фондот за годинава е исполнета. За разлика од 2015 та кога се основаше Фондот  и беа поднесени 158 апликации, за кои се извоија 1 милион евра, во 2019 та бројот на пријави тројно е зголемен  а вкупно од буџетот се издвоија 11,2 милиони евра. Вети дека финансиската помош ќе продолжи и во иднина.