На Криволак ќе се уништуваат гранатите откопани во Битола
Дирекцијата за заштита и спасување денеска на армискиот полигон „Криволак“ ќе изврши уништувањето на неексплодирани убојни средства останати од Првата Светска војна, пронајдени на локалитетот „Тумбе кафе“ во Битола.
Екипите од Дирекцијата за заштита и спасување имаа извадено 12.300 парчиња или 110 тони товар.
– Првата половина од артилериските гранати по потекло од Првата светска војна, пронајдени кај Градскиот стадион во Битола, околу 6000, ќе биде уништена овој месец на воениот полигон Криволак. За целосно заокружување на оваа операција, во текот на месеците јануари и февруари ќе има уште неколку термини кога ќе бидат уништени, покрај артилериските гранати што преостанаа од акцијата во Битола и сите убојни средства собрани во земјава во послединте десетина месеци или поточно од последното уништување спроведено на Криволак. Уништувањето како и досега ќе биде под целосен надзор и контрола на првите луѓе на АРМ, ДЗС и МВР, велат од Дирекцијата за заштита и спасување.
Ново на Сител
-
АХВ апелира: Граѓаните да пријават во АХВ ако најдат угината дива птица од водните видови
-
Нови поплави во Шпанија, овој пат во Жирона
-
Орбан: САД предводени од Трамп ќе ја напуштат војната во Украина
-
Руд ван Нистелрој: Дојде време за промена
-
Лејкерси го испратија синот на Леброн Џејмс во Џи лигата
-
Мурињо суспендиран поради изјава по мечот со Трабзон
-
Состојбата на тројцата тешко повредени во несреќата во Нови Сад не е променета
-
Мишел и Фон дер Лајен телефонски разговарале со Трамп