На крајот од март или почетокот на април Ципрас во посета на Скопје
– Премиерот на Грција, Алексис Ципрас на крајот од месецов или почетокот на следниот ќе го посети Скопје, јави дописничата на МИА од Атина, повикувајќи се на високи грчки владини извори.
Ципрас со патувањето кај нас, воедно ќе биде првиот претседател на грчката Влада што ќе дојде во официјална посета на Република Северна Македонија.
Патувањето во Скопје го најави самиот Ципрас минатиот петок за време на неговото обраќање на Економскиот форум во Делфи, а грчките медиуми пишуваа дека ќе биде на почетокот на саледниот месец. Оваа информација, денеска ја потврдија грчки владини извори дека премиерот на Грција, на крајот на март или почеткот на април ќе ја посети Северна Македонија. Конкретниот датум, се уште не е одреден.
Премиерот Зоран Заев, вчера изјави дека постои желба од двете страни за средба, но оти немаат дефинирано датум за посета на премиерот на Грција Алексис Ципрас.
– Потврдено е дека од двете страни постои желба прво да се случи посета на премиерот на Грција Алексис Ципрас овде во Скопје, а после тоа да имам и јас возвратна посета. Немаме фиксирано датуми, штом ќе ги договориме веднаш ќе ги соопштиме, рече Заев.
Заев посочи дека, останува отворено на гостинот кој треба да определи кога е возможно за него да се случи посетата.
– Ние сме тука. Од 1 април почнува кампања, значи тука сме. Ќе ни биде драго вака висок гостин, прв премиер од Република Грција, која е нашиот јужен сосед и голем пријател, да ја посети Република Северна Македонија и нашиот главен град Скопје, изјави вчера на прес-конференција премиерот Заев.
Ново на Сител
-
Минималец од 450 евра сега, во март ќе бараме повеќе
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
Членови на Десна: Пиштолот секогаш беше близу рацете на Палчо
-
Палевски: Знаев дека ќе ме наместат
-
80 години од ослободувањето на Скопје – За да бидеме победници треба да сме обединети
-
Средба Сиљановска-Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ
-
За ДУИ Ахмети не се заканувал со тоа дека сите Албанци ќе бидат на нозе
-
Поднесени над 300 амандмани за буџетот, утре стартува собраниската дебата