Како што јавуваат метеролозите, облачната маса кој ротира над јужниот Медитеран донела екстремно количество дожд и последични поплави во источна Сицилија и Калабрија, а се очекува таквото време да потрае и во текот на викендот.
Според метеоролошкиот модел ARPEGE, денеска претпладне можен е развој на секундарен циклон на северот на Сицијлија, кој ќе се засили и ќе се движи кон север. Истиот модел сугерира дека би можело да се работо за топло јадро на новиот медитерански ураган.
Иако некои други прогнози не предвидуваат развивање на системот на топло јадро во петок, двата модели сугерираат развој на нов циклон над Сардинија.
Дали ќе се развие нов медиган или не, зависи од позицијата на средиштето на циклонот. Имено ако центарот остане над копното без примеси на топол воздух од насока на Тиренско море, медиганот нема да се развие.
И да има ураган или не, речиси е сигурно дека во источна Сардинија, Сицилија и Калабрија и Апуља и натаму ќе паѓа рекордно количество дожд, а некаде и до 200 милиметри, што би можело да резултира со опасни поплави.