На инфективните одделенија во земјава се лекуваат вкупно 889 пациенти
Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 519 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, соопшти Министерството за здравство.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 30 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 55 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 20 пациенти, во Велес се лекуваат 25 болни, а во Куманово 80 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид – центарот во Охрид се хоспитализирани 60 пациенти, во Прилеп 69, во ковид – центарот во Гостивар 27, а во Струга 30 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 49 пациент, во Кочани 18, во Кичево 10, Кавадарци 27, во Гевгелија 11 лица, а во Дебар 11 позитивни и суспектни на коронавирусот.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 889 и има околу 500 празни болнички кревети во ковид – центрите.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Силен земјотрес ноќеска ја погоди Грција
-
Претрес во Гевгелија, пронајдена дрога
-
Тошковски: За два дена разбиени две големи криминални групи
-
Меси не ја исклучува можноста за учество на СП во 2026 година
-
Со сослушување сведоци во Кривичен продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче
-
Втор ден од министерскиот состанок на НАТО на кој учествува и министерот за одбрана Мисајловски
-
„Ербас“ изврши успешна демонстрација со новиот самоуправувачки хеликоптер
-
Одобрени повеќе од 270 проекти на општините, рокот за аплицирање ќе се пролонгира до 15 ноември